| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.03.2017

Цветановски си замина од Брегалница

Штипските „сини“ останаа без тренерот Здравко Цветановски кој си поднел оставка. Кандидат за нов стратег е Никола Кузманов

По  денешниот тренинг, досегашиот тренер на Брегалница Здравко Цветановски  замина од Штип. Тој, како што дознаваме, се поздравил со фудбалерите и им се заблагодарил на соработката. Цветановски си дал оставка на функцијата, која раководството на екипата  ја прифатило.
Дознаваме дека  Брегалница нема да бара тренер од страна, туку  ќе го бара од Штип. Се разговара со Никола Кузманов, кој има про лиценца. Брегалница порано го бараше и Влатко Костов, но  тој не ја прифати понудата. Во секој случај, Брегалница во средбата со Шкендија во сабота ќе ја води нов тренер. Разделбата меѓу Брегалница и Цветановски била пријателска. Штипјани и натаму се надеваат дека   можат да го обезбедат опстанокот. Формата на екипата е во нагорна линија, иако има незадоволство  од  квалитетот на засилувањата во летниот и зимскиот период.



Датум: 13.03.2017, 17:35
Статијата е прочитана 2934 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense