| контакт | маркетинг

16.07.2017

Гарбиње како Кончита

Шпанката Гарбиње Мугуруза го освои трофејот на Вимблдон во женска конкуренција совладувајќи ја во финалето Американката Венус Вилијамс со 7:5 и 6:0 по сетови

Финалниот меч речиси беше одлучен во финишот на првиот сет кога Венус, при резултат 5:4, пропушти две врзани сет топки и од тогаш па до крајот на мечот не освои ниту еден гем.
Шпанската тенисерка во 11. гем од првиот сет направи брејк, до доби првиот сет, а во продолжение на мечот ја надигра ветеранката.
Гарбиње ја запиша втората победа во петтиот дуел со Венус, а исто така шпанската тениска сензација првпат во кариерата го освојува Вимблдон. Таа може да се пофали со два Гренд слем трофеја затоа што минатата година триумфираше на Ролан Гарос.
Мугуруза е само втората Шпанка која го освоила Вимблдон, а пред неа тоа и успеа на Кончита Мартинез која далечната 1994 година во финалето ја совлада Мартина Навратилова.
Мартинез упати пофални зборови на адреса на Гарбиње па дури рече дека може да стане најдобра на светот.
Има потенцијал и може да освои многу турнири.Задоволна е со својата игра. Ја победи најдобрата на светот - Анџелика Кербер, сега и Венус. Може да направи многу повеќе“, истакна Мартинез.
А Мугуруза најверојатно во понеделник ќе биде петта на ВТА листата.



Датум: 16.07.2017, 15:28
Статијата е прочитана 1257 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.09.2017
21.09.2017
21.09.2017
21.09.2017
21.09.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense