| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.04.2017

Интерес од Шпанија и Грција за Барсегјан

Голгетерот на Вардар е „мета“ на неколку клубови после добрите настапи во дресот на „црвено-црните“ пролетва

Вардар ќе има интересен трансфер преоден рок престојното лето. Новата шампионска титула ќе им донесе многу понуди за нивните играчи, а еден од нив кои што може да очекува смена на средината е Тигран Барсегјан.

За него уште од сега има интерес од шпански и од грчки клубови, и се чека само завршувањето на сезоната за да бидат испратени понуди. Ова го пишуваат и медиумите во Ерменија кои што најавуваат трансфер на репрезентативецот на нивната земја.

Исто така се очекува да има интерес во летниот преоден рок и за уште неколку играчи на „црвено-црните“.



Датум: 19.04.2017, 13:36
Статијата е прочитана 274 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense