| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.05.2017

Пандев фати бонус и остана во Џенова

Со настапот против Торино се исполни условот на фудбалерот со кој по автоматизам се продолжува неговиот договор со сегашниот клуб. Горан Пандев и Џенова ќе бидат заедно и во наредната година

Џенова и во наредната сезона ќе го задржи Горан Пандев, затоа што тој ги исполни условите со кои по автоматизам се активира клаузулата за продолжување на соработката. Како што дознаваме, Горан Пандев и екипата од Серија А пред две години потпишале договор на 2+1 година, со што услов тој да остане во клубот се потребните 20 настапи во втората сезона.
Струмичанецот во неделата, на дуелот со Торино, ги одигра последните 30 минути, со што стана јасно дека условот е исполнет.  Со тоа, се продолжува и договорот на уште една сезона. Пандев во оваа година има 20 настапи и три гола (сите пролетва), со кои Џенова успеа да обезбеди опстанок во елитата на едно коло пред крајот на шампионатот.

ДО ПЕНЗИЈА ВО ЏЕНОВА


Горан Пандев летово ќе наполни 34 години, со што, најверојатно по крајот на идната сезона, ќе одлучи да се пензионира. Со новиот договор Пандев пред себе ќе ја има јубилејната 15. сезона во Италија. Тој зад себе има една сезона во Анкона, пет во Лацио, три во Интер и три во Наполи. Пред него е и третата сезона во дресот на Џенова, а зад него, во „калчото“, 75 постигнати гола. Ретко кој наш фудбалер ќе ги повтори споменатите бројки.



Датум: 24.05.2017, 10:38
Статијата е прочитана 7584 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense