| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.02.2017

Три контроли за хероите

Нашата млада репрезентација во март ќе одигра пријателски средби против Црна Гора, Бугарија, додека на почетокот на јуни ќе се соочи со Грузија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ќе одигра три контролни средби против селекциите на Црна Гора, Бугарија и Грузија. Момците предводени од Благоја Милевски кои успеаа да се пласираат на Европското првенство во Полска, ќе ја тестираат својата форма против квалитетни противници.
Прв опонент, на 24. март ќе ни биде Црна Гора, додека четири дена подоцна ќе одиграме меч против Бугарија. Средбата против Грузија исто така на домашен терен е закажана за 4. јуни.

„Ќе се обидеме на квалитетен начин да ги искористиме термините на Уефа за пријателски натпревари. На првиот контролен натпревар нашата нова генерација, фудбалерите родени 1996/97 ќе им се спротивстават на црногорците, додека еден од главните тестови пред Европското првенство ќе ни биде натпреварот со Бугарија. На таа пресметка ќе воигруваме со репрезентативците на кои ќе сметам на првенството во Полска“ изјави селекторот на Македонија до 21 година, Благоја Милевски.



Датум: 01.02.2017, 11:19
Статијата е прочитана 1284 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense