| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.02.2017

И Кудијан е опција во нападот

Ако до сабота раководството на „романтичарите“ не доведе напаѓач, тогаш една од опциите во нападот би можел да биде младиот Андреј Кудијан

Работнички во овој зимски преоден рок, како никогаш досега во изминатите 10-15 години, мирува во поглед на ангажманот на нови играчи. Освен Бењамин Демир, раководството на „романтичарите“ досега не донесе ново име. Познато е што се случуваше со Марјан Алтипармаковски, и затоа сега стратегот Виктор Треневски остана со Филип Ивановски и Кире Маркоски како класични напаѓачи. Тука се полушпицовите Суад Сахити и Елиф Елмас, но само Филип и Кире се опции во самиот шпиц.
И ако до сабота, кога завршува преодниот рок, „романтичарите“ не успеат да доведат напаѓач, тогаш тренерот Виктор Треневски би можел да му даде поголема минутажа на Андреј Кудијан. Голем талент на клубот кој сега со своите 19 години и не е толку млад. Кудијан се чини дека својата шанса ја искористи во Анталија каде редовно, на секој меч добиваше минутажа. А против силниот Терек Грозни го постигна и вториот гол за 2:0 за својот тим.



Датум: 08.02.2017, 10:19
Статијата е прочитана 3112 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense