| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.02.2017


Напад за кој сонуваат навивачите на Шкендија...


По ангажманот на Бесарт Абдурахими, „балистите“ го бараат и Агим Ибраими, па така заедно со Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими би го имале навистина тој атомски напад.


Се разбира дека ангажманот на Бесарт Абдурахими и тоа како ги подгреа надежите кај навивачите на Шкендија дека ќе имаат супер тим, супер напад. Но, тие чекаат да дојде и Агим Ибраими. И не кријат, барем според пишувањето низ социјалните мрежи дека е време тој да се врати во Тетово. И не кријат дека сонуваат за напад во кој би биле Агим Ибраими, Ферхан Хасани, Бесарт Абдурахими и Бесарт Ибраими. Ако ова некогаш се случи, тогаш Шкендија би го имала најдобриот напад на некоја наша екипа во самостојна Македонија. Таа „четворка“ воедно е и репрезентативна. Дали раководството на тетовци ќе успее да ја состави, останува да видиме. 



Датум: 14.02.2017, 10:52
Статијата е прочитана 5681 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense