| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.04.2017

Дојран е на нозе, ЖФК Истатов е блиску до титулата

Со голот на Чубриновска во 62. минута, ЖФК Истатов на свој терен со 1:0 славеше над големиот ривал ЖФК Драгон. Сега разликата на табелата е 4 бода и дојранчанки се многу блиску до шампионскиот пехар

Денеска во Дојран се славеше големата победа од 1:0 на ЖФК Истатов над ЖФК Драгон во дербито на колото во шампионатот на женската лига. Пред нешто повеќе од 1.000 гледачи, домашните фудбалерки беа подобри а решавачкиот гол го постигна Чубриновска во 62.минута. Со овие бодови ЖФК  Истатов има дури 4 бода предност пред големиот ривал и е на дофат на историски успех. Освојување на домашниот шампионат со што ќе ја урне неколкугодишната доминација на ЖФК Драгон.



Датум: 01.04.2017, 20:58
Статијата е прочитана 5024 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense