| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.01.2017

Бабунски „слета“ во Јокохама (ФОТО)

Откако не успеа да се снајде во дресот на Црвена Звезда, односно не ја доби потребната минутажа, Давид Бабунски се реши среќата да ја побара на Далечниот Исток - во Јапонија.

И додека таму одат речиси сите играчи кои влегуваат во четвртата деценија од животот, Бабунски со своите 22 години се реши да замине во оваа земја.


Бабунски пристигна во тимот на Јокохама Маринос, кој за новата сезона се подготвува на Тајланд и деновиве се очекува неговата официјална промоција во овој тим, доколку не дојде до некој пресврт во последен момент.
Бабунски имаше понуди да остане во Европа, и да оди во Турција (Бурсаспор) или Швајцарија (Јанг Бојс), сепак, се одлучи да замине во Јапонија каде што ќе бара нов почеток на својот фудбалски пат, со оглед дека долго време нема статус на првотимец во еден прволигаш. Тој беше дел од Барселона „Б“ до пред една година кога направи трансфер на белградска „Маракана“ во надеж дека ќе добива поголема минутажа. Сепак, тоа не  се случи, па повремениот македонски репрезентативец и актуелен член на младата селекција повторно ја смени средината.
Некогаш Бабунски беше голема надеж на фудбалот во Македонија, „учеше“ од големите Меси, Иниеста, Чави и од тренерот Пеп Гвардијола, за сега да бара само поголема минутажа во некој од светските тимови. Дали ќе ја добие во Јокохама, останува да се види.



Датум: 26.01.2017, 19:51
Статијата е прочитана 3386 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense