| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.03.2017

Списокот на Ангеловски идната недела


Игор Ангеловски, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, по 22. коло, коешто ќе се игра претстојниот викенд, ќе го објави списокот на репрезентативци кои ќе го носат дресот на националниот тим на натпреварите против Лихтенштајн во рамките од квалификациите на 24 март и на контролата со Белорусија четири дена подоцна.

Понеделник или вторник ќе бидат објавени имињата кои ќе бидат во комбинација за селекцијата за мартовските натпревари.
Кога станува збор за списокот на селекторот Ангеловски, не се очекуваат некои поголеми промени. Давид Бабунски ќе биде на него со оглед на добрата форма од неговиот нов клуб Јокохама во Јапонија. Добрата форма на Музафер Ејупи може да му донесе деби повик во селекцијата на официјални натпревари.
На списокот се очекува да се најде Александар Трајковски, кој се врати во тимот на Палермо, но во последните два меча не добива шанса да настапи. Меѓутоа, ќе добие шанса да игра, а останатите играчи коишто се во натпреварувачки ритам како Несторовски, Ристевски, Мојсов, Тричковски... тие сигурно ќе бидат на списокот. Особено Тричковски, кој е во супер форма.
Инаку, селекторот има и одредени проблеми како што се на пример во средината на теренот со повредите на Стефан Спировски и на Енис Барди. И додека Спировски може да се рехабилитира, повредата на Барди ќе бара повеќе мирување. Исто така проблем претставува и Агим Ибраими, кој и натаму нема ангажман.



Датум: 07.03.2017, 11:23
Статијата е прочитана 2258 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense