| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.02.2017

Пораз за крај на Вардар во Анталија

Силниот руски тим Терек Грозни беше подобар и победи со 3:1. Голот за нашиот шампион беше дело на Тигран Барсегјан за 1:0 во 14. минута

Пораз на Вардар на последната своја контрола во Анталија. Попладнево четата на Гоце Седлоски загуби од Терек Грозни со 1:3. Против силниот тим од Русија, четвртопласиран во тамошниот шампионат, Вардар поведе со 1:0 и тоа во 14. минута со голот на Тигран Барсегјан. Со тој резултат се замина на пауза. Во второто полувреме Терек беше далеку подобар, постигна три голови и заслужено победи. Да потсетиме дека пред десет дена исто така во Анталија, Работнички го победи токму Терек Грозни со 2:0.

 



Датум: 09.02.2017, 16:45
Статијата е прочитана 2426 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense