| контакт | маркетинг
КОШАРКА

03.01.2017

Соиграч на првиот пик во НБА, на пат кон Шкупи

Во чаирскиот клуб, Американецот го гледаат како замена за Афам Муојеке, кој откако се повреди, си замина во САД

Доколку преговорите завршат успешно, наскоро дресот на Шкупи би можел да го облече силното крило Карлос Џонсон. Џонсон е член на Универзитетот Вашингтон, за популарните Хаскис игра 10,4 минути по меч во НЦАА лигата и има просек од 4,3 поени. Минатата сезона која му беше дебитантска, му беше поуспешна. Како јуниор, Џонсон имаше просек од 5,9 поени и 3 скока по меч. Станува збор за играч со не многу прецизен шут, скромна му е реализацијата на шутевите од поле, но има одлична скочност и честопати ја забива топката во противничките кошеви. Тој досега нема играно во Европа, а откако заврши средно училиште, за него се интересираа и во колеџот Орегон стејт, но тој реши да прејде во Вашингтон, каде во минатата сезона соиграч му беше Маркел Фулц, првиот пик на драфтот 2017 во НБА.

 



Датум: 03.01.2018, 10:43
Статијата е прочитана 473 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense