| контакт | маркетинг

15.10.2017


Довициозо победи во трилер дуелот со Маркез на „Мотеги“


Возачот на Дукати Андреа Довициозо триумфираше на неверојатната Голема награда на Јапонија во 15. трка сезоната во Мото ГП шампионатот претекнувајќи го бранителот на титулата Марк Маркез во самиот финиш

Довициозо на јапонската патека ја впиша петтата победа оваа сезона, а целта ја помина со само две десетинки предност во однос на Маркез. На третото место на пиедесталот се најде возачот на Пракам Дукати Данило Петручи.
На „Твин ринг Мотеги“ беше видена слична трка како и во Австрија, кога Довициозо и Маркез водеа битка со самиот крај и која имаше идентичен исход, но за разлика од тогаш овојпат финишот беше многу повозбудлив. Патеката во Јапонија беше влажна, честопати врнеше дожд за време на трката па тоа воедно ја зачини борбата за врвот.
Во последниот круг Довициозо го нападна Маркез во 11 кривина, а се чинеше дека младиот Шпанец ја има контролата, меѓутоа веќе во следната возачот на Дукати најде „простор“ и изби на чело и така победи.
Деветкратниот светски шампион Валентино Роси не успеа да ја заврши трката, затоа што излета од патеката, а покрај него се откажи и другиот возач на Дукати Дани Педроса.

Во генералниот пласман Маркес води со 244 поени, а зад него е Довициозо со 233 бода. Топ 3 го заокружува Маверик Вињалес на Јамаха со 203 поени.

РЕЗУЛТАТИ „МОТЕГИ“ - ЈАПОНИЈА



Датум: 15.10.2017, 10:59
Статијата е прочитана 535 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense