| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.03.2017

ПОБЕДА: Николов и Нестор го средија Лихтенштајн


Триумф од 3:0 на гостувањето во Вадуц. Николов ги „отвори“ домашните, за да следуваа двата гола на Несторовски за прва победа во квалификациите и први бодови во Групата „Г“ за СП во Русија 2018 година. Ништо од хет - трик на Илија, во 90. минута не погоди од пенал

Лихтенштајн - Македонија 0:3. Тоа е епилогот од натпреварот од 5. коло во групата „Г“ за СП во Русија 2018 година. Конечно и Македонија и се израдува на победа, на бодови во овие квалификации.
Четата на селекторот Игор Ангеловски во текот на целиот натпревар доминираа, создаваа шанси но првиот гол падна дури во 43. минута кога Николов конечно погоди по асистенцијата на Тричковски.
Во 68. минута акцијата ја започна Велковски, следуваше асистенцијата на Пандев до Несторовски кој со убав шут со глава реализираше за 2:0. И потоа беше се беше полесно. Тоа го искористивме во 73. минута кога Несторовски постигна уште еден гол за тие 3:0.


И не беше се од овој натпревар. Можеше и требаше да биде 4:0 но Илија Несторовски не погоди од белата точка. Претходно тој беше фаулиран во казнетиот простор на домашните по што судијата Лардо покажа на белата точка. Несторовски ја презеде одговорноста и погреши. Шутираше премногу индолетно и домашниот голман го одбрани тој удар. Штета, ако беше гол Несторовски ќе беше третиот наш репрезентативец кој успеал во квалификациски натпревар да постигне хет - трик. Но тоа е помалку важно, поважно е што по цели 2.5 години Македонија успеа да триумфира во квалификациски натпревар.



Датум: 24.03.2017, 22:40
Статијата е прочитана 1905 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense