| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.09.2017

„Дедо Ванчо“ капитен на Локо Пловдив

Бугарите се шегуваат со нашиот интернационалец и неговите во моментов 39. години

Ванчо Трајанов е новиот капитен на Локомотив Пловдив. Ветеранот ќе биде предводник на бугарскиот прволигаш сезонава, се согласи да ја носи капитенската лента. Бугарските медиуми решија да се пошегуваат со нашиот интернационалец,  па го нарекоа „Дедо Ванчо“ со оглед на неговите фудбалски зрели 39. години. Трајанов и понатаму е активен, и не само што е активен туку е и рамноправен на теренот заедно со далеку помладите соиграчи. Само како информација, Трајанов пред петнаесетина години беше во зенитот на кариерата, го постигна оној легендарен гол против Англија во Саутемтон, а очигледно дека и по деценија и пол е сеуште сериозен квалитет.



Датум: 17.09.2017, 14:39
Статијата е прочитана 1869 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense