| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.04.2017

Дисциплинецот го суспeндираше теренот на Новаци

Дисциплинската комисија на ФФМ ја донесе одлуката за дуелот меѓу Новаци и Вардар Неготино.

Дисциплинската комисија на ФФМ го суспендираше теренот во Новаци во следните четири меча поради скандалот за време на второлигашкиот меч меѓу Новаци и Вардар Неготино кога беше нападнат првиот човек на гостите.
„Борче Јовановски, комесар за безбедност на ФК Новаци 2005 се казнува со забрана за вршење на функцијата во времетраење од два месеци;
ФК Новаци 2005 се казнува поради слаба организација на натпреварот ФК Новаци 2005 - ФК Вардар Неготино одигран во рамки на 19. коло во Втора МФЛ со парична казна од 500 евра и забрана за одигрување на четири натпревари на свој терен (најмалку 100 километри оддалеченост од Новаци)“, стои во известувањето на официјалната интернет страница на ФФМ.
Парилна казна заработи и актуелниот шампион, Вардар. Поради недолично однесување на публиката, како и слабата организација за мечот со Шкендија, скопскиот тим ќе треба да плати 1.000 евра.
„ФК Вардар се казнува поради слаба организација (користење на пиротехнички средства) и недолично однесување на своите навивачи на натпреварот одигран во рамки на 20. коло во Прва МФЛ помеѓу ФК Вардар - ФК Шкендија со парична казна во износ од 1000 евра“.

Останатите одлуки се однесуваат на екипите од Втората лига:
-ФК Велазерими 77 се казнува со парична казна во износ од 250 евра поради слаба организација на натпреварот ФК Велазерими – ФК Еуромилк одигран во рамки на 17. коло во Втора МФЛ;
-ФК Тетекс се казнува поради слаба организација на натпреварот ФК Тететкс - ФК Тиквеш одигран во рамки на 17. коло во Втора МФЛ со парична казна во износ од 450 евра;
-Ариф Алими комесар за безбедност на екипата ФК Велазерими 77 се казнува со забрана за вршење на функцијата во времетраење од четири месеци;
-ФК Еуромилк се казнува со парична казна во износ од 250 евра за слаба организација на натпреварот ФК Еуромилк - ФК Тиквеш во рамки на 19. коло во Втора МФЛ;



Датум: 13.04.2017, 13:25
Статијата е прочитана 877 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense