| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.08.2017

Хата со Хаџиевски на подготовки во Македонија

„Кога се отвори опција дел од подготовките да одработиме во Европа, сеако дека јас барав тие да бидат во Македонија. Нека видат сите од Хата колку е убава нашата земја“ ни изјави Ѓоко Хаџиевски


Од  денеска па се до 16 август, фудбалерите на Хата предводени од нашиот тренер Ѓоко Хаџиевски, ќе одработат дел од подготовките во нашата земја. Прво ќе тренираат на терените на ФК Работнички во Градски парк, за да потоа од 6 до 16 август престојуваат во Охрид.
„Кога се отвори опција дел од подготовките да одработиме во Европа, секако дека јас барав тие да бидат во Македонија. Нека видат сите од Хата колку е убава нашата земја. Утре играме пријателска со Силекс во Кратово додека во сабота против Работнички. Неколку денови во Македонија ќе престојува и претседателот на Хата, а со мене тука ќе бидат и моите соработници Никола Аврамовски, Горазд Михајлов и Матеја Мирков“ ни изјави еден од нашите најпознати тренери и некогаше успешен селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација, кој сега го предводи тимот од Дубаи од ОАЕ.



Датум: 01.08.2017, 12:57
Статијата е прочитана 3580 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense