| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.01.2017

Се бара ривал за 28 март

На 24 март му гостуваме на Лихтенштајн, четири дена подоцна би можело да се одигра една силна пријателска средба.

Само со победи и добри резултати може да се подигне рејтингот на нашата најдобра репрезентација и бегање од тоа 162. место на ФИФА листата на кое сега се наоѓаме. Токму затоа убаво ќе биде уште во март, покрај квалификацискиот дуел со Лихтенштајн, да се одигра уште една силна пријателска средба во Скопје. Но, за да се одигра таков натпревар потребно е да се најде адекватен спаринг партнер, некоја репрезентација која би дошла во Скопје, но и репрезентација која поседува квалитет која можеме да ја победиме, но и да донесе повеќе рејтинг поени.
Инаку, оваа пролет ќе биде интересен во поглед на репрезентациите и од друг аспект. Јасно е дека за квалификациските мечеви со Лихтенштајн во март и со Шпанија во јуни, неопходни се услугите на нашите херои во селекцијата на предводникот Игор Ангеловски. Во март тој и би можел да ги повика, но за сите мечеви подоцна, особено на пријателските тој веќе не ќе може да смета поради тоа што нашите млади репрезентативци ќе мораат да се подготвуваат за ЕП за млади во Полска кое се одржува во јуни.



Датум: 24.01.2017, 12:58
Статијата е прочитана 1598 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense