| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.09.27017


Стефан Ристовски ја пречекува Барселона


Најавите од Лисабон велат дека нашиот фудбалер нема да биде стартер. Стефан Ристовски најверојатно од клупата ќе чека шанса за настап против еден од најсилните клубови во светот

Стефан Ристовски, десниот бек на Спортинг Лисабон е единствениот наш фудбалер кој оваа сезона ги брани боите на Македонија во Лигата на шампионите. Вечерва се игра второто коло од ова натпреварување а нашиот фудбалер очекува дуел со славната Барселона. Сепак најавите од Лисабон велат дека Ристовски нема да биде во стартниот тим на „зелено-белите“. Тој од клупата ќе ја чека шансата за минутажа против дружината на Лео Меси.
Тренерот Жесус изминативе денови даде неколку добри коментари за Стефан Ристовски кој минатата недела беше играч на натпреварот на меч од Купот на Португалија. Сепак викендов тој не беше на теренот на првенствениот меч со Мореиренсе. Нашиот фудбалер дебитираше за Спортинг во Лигата на шампионите со победа и тоа на дуелот со Олимпијакос во Пиреа (2:3), каде ги одигра последните десетина минути. Очекува минутажа и вечерва...



Датум: 27.09.2017, 11:12
Статијата е прочитана 401 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense