| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.11.2017

Милевски повика четворица дебитанти

Селекторот Благоја Милевски за квалификацискиот меч со Австрија за селекции до 21. година, го објави списокот на кој има и некои новитети

Без Елиф Елмас, без Никола Ѓорѓев, но затоа со четворица дебитанти за квалификацискиот меч со Австрија за селекции до 21. година. Тоа е накусо видувањето на списокот на играчи кои се повикани од страна на селекторот Благоја Милевски за дуелот на 14 ноември во Скопје.
Нови лица во составот на У-21 се Влатко Стојановски од Дугопоље (Хрватска), Ристе Јанков (Работнички), Филип Трајчевски (Победа Валандово), како и Нехар Садики (Работнички). Сите овие четворица се дебитанти за нашата млада репрезентација.




Датум: 03.11.2017, 11:31
Статијата е прочитана 1928 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense