| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.02.2017

Треневски: Сега имам добар тим...

Стратегот на Работнички е задоволен од тоа каков состав ќе има на располагање во пролетниот дел од сезоната кој стартува во недела со натпреварите од 19. коло

Виктор Треневски вели дека со ангажманот на Ванче Шиков и Иван Вуковиќ, но и со останувањето на Суад Сахити, тој ќе има навистина добар тим.

„Кога сме кај Шиков и Вуковиќ да напоменам дека и двајцата брзо се вклопуваат во нашата средина, така што нема пречки да сметам на нивните услуги уште на првиот меч во пролетниот дел. Инаку, задоволен сум што сега имам најмалку 15-16 фудбалери кои важат за првотимци и дека кога сите ќе бидат здрави и подготвени, ќе си имам проблем на кого да му укажам доверба“, истакнува стратегот на Работнички.

Европа е прв приоритет

Но, нема потреба од еуфорија...

„Да, јасно е дека едно се имињата, квалитетот на играчите, а сосема нешто друго теренот. Фудбалот е чудна работа, имињата не играат, туку се освојуваат бодови само на терен. Сепак, сега сум порелаксиран, имаме повеќе опции и сега може и да ја менуваме формацијата. Јасни се целите на Работнички, тоа е излез во Европа и тука нема дискусија. Интересно е тоа што Вардар, Шкендија, Пелистер, Работнички и Силекс осетно се засилија и сметам дека ќе имаме интересна пролетна полусезона“.

* Повеќе читајте во печатеното издание



Датум: 17.02.2017, 11:31
Статијата е прочитана 2324 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense