| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.08.2017

Шкендија против Милан, Вардар со Фенербахче


Тетовскиот тим доби „џек-пот“ во тимот на гигантот од Италија, додека Фенербахче ќе биде противникот на Вардарци


Познати се противниците на нашите екипи во плеј-офот во Лигата на Европа после денешната ждрепка во УЕФА.

Шкендија, за влез во групите ќе се бори против европскиот гигант Милан. Токму тој противник беше најпосакуван во ждрепката од страна на тетовскиот тим. Таа екипа носи полна „Арена“. 

Вардар за својот ривал го има тимот на Фенербахче. Турскиот гигант е ривал на нашиот шампион во Лигата на Европа.

Првите натпревари се играат на 17 август, реваншите се на 24-ти.



Датум: 04.08.2017, 13:17
Статијата е прочитана 3279 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense