| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.04.2017

ПОМФЛ - КРАЈ НА МЕЧЕВИТЕ

Шкендија забележа убедлива победа на домашен терен против Македонија ЃП (5-1), Вардар го доби градското дерби со Работнички 2-0.

ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ 2:0 (1:0)

92’ ГОООЛ - Боарето одлично се проби по левата страна, мина двајца противнички играчи, додаде до Николов кој што беше сам и успеа да упати удар, иако Шишковски ја зафати таа топка, сепак, не успеа да ја одбрани и таа заврши во голот на Работнички

84’ - Херера од лево испрати прецизен центаршут до Рашо на вториот дирек кој што шутираше за малку непрецизно и топката отиде крај голот

80’ - Шанса за Вардар после долгата акција. На левата страна сам се најде Блажевски, меѓутоа шутираше само крај голот

55’ - Шанса за Работнички, Елмас додаде до Вуковиќ кој што беше осамен, меѓутоа само покрај голот

53’ - Во шанса Барсегјан кој што од добра позиција од 16-17 метри упати удар кој што заврши само крај левата статива

39’ ГОООЛ - Вардар води со голот на Којашевиќ. Барсегјан испрати добра топка до Демири кој што од лево го проигра осамениот Којашевиќ кој што погоди во мрежата на Работнички за водство

36’ - После изведениот корнер и избиената топка од страна на Вардаровата одбрана, Сахити од 20 метри упати силен удар кој што Гачевски одлично го одбрани

 

ШКЕНДИЈА - МАКЕДОНИЈА ЃП 5:1 (4:0)

57’ ГОООЛ - Ивановски од 20 метри, убав гол.

55’ ГОООЛ - Ибраими од корнер нафрли, Алими со пета на втора статива, хет-трик на Меџедовиќ за 5:0.

43’ ГОООЛ - Ибраими асистира Меџедовиќ погодува за 4:0.

30’ ГОООЛ - Ибраими излегува сам пред голманот на „лавовите“ и го лобува за 3:0.

28’ ГОООЛ - Пенал за Шкендија врз Ибраими, кој самиот ја изведе најстрогата казна за 2:0.

9’ - ГОООЛ! Добра акција на домашните Абдурахими до Алими, Алими со Глава до Меџедовиќ, кој ја тресе мрежата на „Лавовите“.

 

СИЛЕКС - РЕНОВА 3:0 (2:0)

90’ ГОООЛ - Недељковиќ во продор го мина голманот за 3-0.

44’ ГОООЛ- Каланоски со глава од 10 метри го зголемува водството

7’ ГОООЛ - Пановски од слободен удар од 20 метри погодува за рано водство на Силекс.

 

ШКУПИ - ПЕЛИСТЕР 1:0 (1:0)

26’ - Мбела пресече една топка 20 метри пред голот на Пелистер, излезе сам пред Пашовски, биеше од 7-8 метри, но голманот на битолчани одлично одбрани

19’ ГОООЛ - Мухарем Bајрами изведе слободен удар од левата страна, нафрли во шеснaестникот, но притоа никој не ја допре топката, но незгодно се одби од земјата и влезе во голот на гостите. 

 

ПОБЕДА - БРЕГАЛНИЦА 0:0 (0:0)

73’ - Вучетиќ од слободен удар, шутира и ја погодува пречката на домашните.

17’ - Голема шанса за домашните Шарковски имаше зицер, но голманот Кобетиќ брани.

 

Попладнево од 15 часот започнуваат натпреварите од 24. коло во нашата Прва лига. Дербито на колото е дуелот број 57 меѓу Вардар и Работнички, нашите најтрофејни клубови. Шкендија во Тетово не би требало да има проблеми со Македонија ЃП. Додека во Прилеп, на Чаир и во Кратово се очекува голема битка.
„Македонски спорт“ и овојпат ќе врши текстуален пренос во живо.

ДВОЈКИ ЗА 24. КОЛО
ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ 0:0
ШКУПИ - ПЕЛИСТЕР 0:0
СИЛЕКС - РЕНОВА 0:0
ШКЕНДИЈА - МАКЕДОНИЈА ЃП 1:0
Меџедовиќ 9’
ПОБЕДА - БРЕГАЛНИЦА 0:0



Датум: 02.04.2017, 14:22
Статијата е прочитана 1525 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense