| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.12.2017

Вујчиќ пред трансфер во Фљамуртари!

Штефан Вујчиќ по 15 јануари е слободен играч, засега е најблиску  до трансфер во Фљамуртари

Шпетим Дуро го сака Штефан Вујчиќ во своите редови, во тимот на Фљамуртари. Откако Шкендија нема намера да му го продолжи договорот на одличниот играч за врска, на сцена стапува екс стратегот на Шкендија  Шпетим Дуро, па така по препорака на помошникот Јетон Беќири, овој трансфер е многу реален. Кога сме кај Фљамуртари да повториме дека овој тим од Албанија е заинтересиран и за услугите на заменик капитенот на тетовци Ардијан Цуцули. Инаку во Фљамуртари моментално членови се и Мухамед Усеини, Артим Положани, Горан Силјановски, Виктор Нилдо Јуфо, Муарем Муарем и Игор Недељковиќ. Играчи кои до лани играа за Шкендија, Ренова, Работнички и Силекс. Тренер е Шпетим Дуро а помошник Јетон Беќири, и двајцата некогаш беа во Шкендија.



Датум: 13.12.2017, 17:48
Статијата е прочитана 1397 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense