| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.11.2017

„Филип Втори“ се чува за Розенборг

*Првиот меч од 1/8 финалето во Купот меѓу Вардар и Шкупи се игра в четврток во Ѓорче. Додека Работнички - Скопје, меч од 18. коло се игра во недела на ФФМ

Повторно проблеми се теренот на Арената „Филип Втори“. Со цел теренот колку толку да биде во добра состојба за мечот меѓу Вардар и Розенборг, меч од 6. коло во ЛЕ, раководството на Арената им испрати писма на ФК Вардар и ФК Работнички.  Во нив ги замолува нашите најтрофејни клубови како домаќини до 7 декември, кога се игра мечот од 6. коло ЛЕ меѓу Вардар и Розенборг, да ги играат на други стадиони. Па така во четврток првиот меч од 1/8 финалето во Купот меѓу Вардар и Шкупи ќе се игра во Ѓорче. Додека дуелот од 18. коло, во недела меѓу Работнички и Скопје се игра најверојатно на ФФМ. Истиот ден на Чаир играат Шкупи и Вардар во рамките на тоа 18. коло, последно за оваа есен.  По мечот во ЛЕ нема да има никакви проблеми со Арената. Вардар на 10 декември игра со Академија Пандев а три дена подоцна се игра соседското дерби меѓу шампионот и „романтичарите“. И двете средби се оние одложените од оваа полусезона. Додека на 17 декември на Чаир се игра реваншот од Купот меѓу Шкупи и Вардар.



Датум: 26.11.2017, 19:40
Статијата е прочитана 1090 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense