| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.12.2017

Османи: Уживам во Шкендија


„Јас сум дете на Шкендија и ќе излажам ако речам дека за овие пет години не ми недостигаа овој клуб, навивачите“, вели Ќатип Османи во интервјуто за клупскиот сајт на есенскиот првак

Кога се врати Ќатип Османи во јуни, по цели пет години, во својата Шкендија, најмногу се израдуваа оние вистински фанови на клубот. Конечно, по толку талкања со тренерите, клубот направи вистински потег.
„Кога во таа 2012 година, по освоената титула, си заминав од Шкендија, навистина знаев дека кога-тогаш ќе се вратам. Јас сум дете на Шкендија и ќе излажам ако речам дека за овие пет години не ми недостигаше Шкендија. И кога дојде понудата во мај, јас бев радосен и среќен. Не го кријам тоа и не кријам дека сега уживам во Шкендија“, вели Османи во интервјуто за клупскиот сајт на Шкендија.

Ќато гол - стилот е напаѓачки

Османи низ целата своја кариера како тренер инсистира на атрактивен и напаѓачки фудбал. Бадијала не е познат како Ќато Гол.
„Тоа е мојата фудбалска филозофија. Каде и да сум тренер, јас инсистирам на таков агресивен и напаѓачки стил. И тој стил нѐ доведе сега на ова место, со голема бодовна предност пред Вардар. Имено, ние пред стартот на сезоната имавме една цел, а тоа е битка со Вардар за титулата. Таа е остварена, само малку и нас нѐ изненади големата бодовна предност. Но тоа е заслуга на сите во клубот, на играчите, на фановите, на раководството“.

Горд сум на сите победи, голови

Шкендија постигна рекорд, на 18 меча постигна 55 гола или, во просек, по 3,05 на секој меч посебно.
„Да, и јас сум горд на моите играчи за тие силни победи, за тие голови. Да се разбереме, не е мала работа да постигнеш толку голови, но јас сум задволен од тоа што сите тие голови не беа случајни. Сите тие беа дело на смислени и одиграни акции. Ние игравме онака како што сакаме, на гол повеќе и затоа се тие голови. Сакам да продолжиме во ист ритам и во пролетниот дел“, истакнува Османи.

Не смее да има еуфорија

„Јасно е дека Шкендија ја заслужи есенската титула и сите ние во клубот имаме право на радост, но нема место за еуфорија. Искрено, сѐ уште ништо не сме освоиле. Имаме предност пред Вардар, но има уште многу да се игра“.

Со „Еколог“, клубот е друга димензија

„Морам да признаам дека со „Еколог“ како спонзор, овој клуб, оваа Шкендија е сосема друга димензија. Оваа Шкендија е веќе европски клуб. Само треба да се надградува, не смееме да се задоволуваме со постигнатото“.



Датум: 11.12.2017, 10:44
Статијата е прочитана 1770 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense