| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.02.2017

Пелистер до реми со Кајзери

Во третиот подготвителен меч во Турција, Пелистер стигна до трето реми, откако одиграа 2:2 со казахстанскиот Кајзери Кизилорда

Битолчни губе со 2:0 во мечот откако примија гол веќе во осмата минута, а на почетокот на второто полувреме, во 48. минута, Џон Камара постигна одличен гол од над 16 метри. Меѓутоа, тоа беше само подготовка за Пелистер. Во 75. минута пенал за Пелистер, откако Иван Граф ја фати топката со рака, а сигурен стрелец е Баже Илијоски.
Офанзивата на македонскиот тим продолжува во финишот на мечот. Во 80. минута, Лукас има одлично додавње до Бујчевски, кој шутир високо нд голот. Во 88. минута, Илиоски сам излегув пред голманот, кој има атрактивна интервенција. Притисокот се исплатеше во 90-тата минута, кога по продор н Тошевски, Фернандо шутира, а Бујчевски ја начекува топката за 2:2.




Датум: 04.02.2017, 16:48
Статијата е прочитана 3003 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense