| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.10.2017

Османи: ФФМ внимателно да ги делегира судиите

Стратегот на Шкендија по мечот изјави дека самите се виновни за поразот но и дека суделе судии кои не знаеле да судат

Шкендија загуби од Академија Пандев со 3:2. По мечот тренерот на тетовци Ќатип Османи имаше свој коментар...
Не дека сега барам алиби по поразот, но факт е дека ФФМ треба повнимателно да ги одбира судиите на вакви мечеви. На вакви мечеви потребни се поискусни судии а не судии кои не знаат да судат. Но доста за тоа. Сметам дека не влеговме на натпреварот како што треба, затоа и примивме гол. Потоа примивме уште еден и се вративме во игра по тие 2:2. Почуствувавме дека можеме и до трет, имавме шанси кои не ги искористивме, на крајот домашниот тим постигна трет гол и успеа да победи“, истакна Османи.


 



Датум: 25.10.2017, 16:48
Статијата е прочитана 2906 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense