| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.07.2017

Мамиќ со Камчев за посилен Пелистер

Веќе неколку дена на хрватското крајбрежје, има средби помеѓу Јордан Камчев, спонзорот на ФК Пелистер и Здравко Мамиќ, првиот човек на Динамо и најпознатиот фудбалски работник во регионот.

Главна тема на разговорите е фудбалот и можноста Мамиќ да му помогне на Пелистер во желбата клубот да биде на повисоко ниво од тоа што е во моментов. Камчев е во Пелистер веќе втора сезона со тоа што под негова „палка“ екипата избори влез во Првата лига и го освои Купот на Македонија  и на првенствената табела заврши на четвртото место.
Мамиќ добро е упатен за приликите во мак-фудбалот и добро знае дека во Пелистер игра Христијан Тошевски, десниот бек кој игра за нашата сениорска репрезентација.
Со текот на времето ќе дознаеме што конкретно е договорено меѓу Камчев и Мамиќ.



Датум: 24.07.2017, 21:35
Статијата е прочитана 7200 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense