| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.09.2016

Лавовски предизвик за Гостивар


*Попладнево од 15:30 часот се играат натпреварите од 5. коло во двете втори лиги


Натпреварот меѓу Македонија Ѓорче Петров и Гостивар, на кој иако играат првопласираната екипа на табелата и една од двете што го делат дното, сепак, предизвикува најголем интeрес во денешниот вонреден термин за Втората лига. Интрига во овој дуел, пред сѐ, внесуваат промените што ги направи тимот од Ѓорче Петров во стручниот штаб.

Дерби - приклучок кон врвот

Во истокот пак натпреварот меѓу Борец и Тиквеш ќе биде средба на која ќе се покаже дали големиот број звучни засилувања за велешката екипа биле залудни или велешани навистина имаат сила да се борат за првото место и за промоција во Првата лига. По само четири одиграни кола, Борец веќе заостанува шест бода зад Беласица, која гази сѐ пред себе. Затоа фудбалерите на Борец не смеат да си дозволат да не победат на дуелот против Тиквеш.

ВТОРА ЛИГА - ИСТОК
ДЕНЕСКА, 15:30 Ч
ОСОГОВО - КАМЕНИЦА САСА
ХОРИЗОНТ ТУРНОВО – БЕЛАСИЦА
ПОБЕДА ВАЛАНДОВО – ПЛАЧКОВИЦА
БОРЕЦ – ТИКВЕШ
БРЕГАЛНИЦА - КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА
ВТОРА ЛИГА - ЗАПАД
ДЕНЕСКА, 15:30 Ч
СТРУГА ТРИМ-ЛУМ – ЛОКОМОТИВА
ТЕТЕКС – НОВАЦИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – ГОСТИВАР
ВЛАЗРИМИ – ЕУРОМИЛК
ЗАЈАС – ЛАБУНИШТА

 


 



Датум: 26.09.2017, 14:22
Статијата е прочитана 647 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense