| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.08.2017

Јаневски: Ништо уште не е готово


 „Резултатот е добар и носи задоволство, но сме во голема грешка ако мислиме дека ќе биде доволно. Знам дека не чека пекол, ама треба да размислуваме како да дадеме гол и на реваншот“, рече Вардаровиот тренер

Видно задоволство на лицето на тренерот на Вардар после победата над Фенербахче. Но, и со доза на внимателност поради случувањата особено во Копенхаген.
„Резултатот е добар. Да се победи со 2:0 Фенербахче е навистина тешко, но ете успеавме. На крајот бевме наградени со тој втор гол. Во секој случај е добар резултат, но треба да смениме нешто во играта низ тренинзите. Знаеме што не чека во Истанбул, и во голема заблуда сме ако уште од сега размислуваме дека е готова работата. Таму ќе играме против еден одличен тим и против 50.000 фанатични навивачи. Но, во главите треба да мислиме како да дадеме гол“, истакна Јаневски.

 



Датум: 17.08.2017, 23:32
Статијата е прочитана 852 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense