| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.08.2017

Чеферин: Браво Вардар...!!!

 

Одлично... Секоја чест. Ова е навистина „лудо" што го направи Вардар. Ви честитам..", ни изјави првиот човек на УЕФА

 
Од  Монако
Игор Д. Ивановски

Вардар ја направи најголемата сензација во плеј-оффот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Успехот на нашиот првак беше со големо изненадување прифатен од фудбалската јавност во Европа. Кој очекуваше дека двапати Вардар ќе слави против Фенербахче.

А ние како „Македонски спорт" сме тука во Монако. За некој час почнува историската ждрепка. А синоќа на прославата  за стартот на новата сезона на УЕФА големиот успех на Вардар ни го честиташе лично Александер Чеферин. При средбата со него тој напомена...

„Браво за Вардар. Секоја чест. Голем успех, „луд" успех затоа што двапати го победивте Фенербахче. Честитки од мене за овој историски подвиг", ни напомена првиот човек на УЕФА.

Што ќе биде со Русинот!?
Чеферин го поздрави успехот на Вардар но одма не праша. Што е со спонзорот во клубот. Прочитав дека ќе си оди, дека од следната сезона нема повеќе да финансира? Му одговоривме дека времето менува се и дека по оваа сензација која ја направија фудбалерите за Вардар има блескава есен на евро-сцената. Есен која може многу нешта да промени од корен.

 
Скопје!? - Најдобро до сега
„Организацијата на Супер Купот во Скопје беше на високо ниво. Најдобро до сега кога станува збор за ваквите натпревари. Ние како УЕФА сме ви благодарни", уште еднаш ни потврди Чеферин за спектаклот кој на 8 август се оджа во Скопје. Првиот човек на УЕФА е презадоволен од Македонија и ФФМ.


 


 



Датум: 25.08.2017, 11:36
Статијата е прочитана 14888 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense