| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.01.2018

Гачевски: Реагиравме затоа што тоа не беше погодок

Вардар загуби од украинскиот Черноморец со 1:0 со контроверзен погодок

Голманот на Вардар, Филип Гачевски имаше најдобар поглед на целата ситуација. Во мешаницата топката не ја помина гол-линијата. Најпрвин судиите не се огласија, а потоа на општо изненадување на сите одлучија да ја сменат одлуката. Потоа настана мешаница и кошкање меѓу фудбалерите на двете екипи која набргу се смири.
„Тоа не беше гол. Топката не ја мина гол линијата, во тоа сум сигурен. Најпрво и судиите не покажаа на центарот. Дури и самиот играч на Черноморец пријде и призна топката не влезе во голот. Сепак, арбитрите по долго размислување признаа гол. Не можевме да се помириме со таа одлука и реагиравме кај судиите. Им кажавме дека и самите играчи на Черноморец признаваат дека не е гол, но тие не ја сменија одлуката. За среќа станува збор само за пријателски натпревар чиј што резултат нема никакво натпреварувачко значење. И покрај тој гол, мислам дека денеска не заслуживме да загубиме затоа што бевме подобар тим од противникот, имавме повеќе од шансите, не искористивме и пенал. Одиме понатаму, остануваат уште три натпревари на кој што се надевам дека ќе оствариме победи. Најважно е низ овие мечеви да ја изградиме нашата игра и да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната, меѓутоа за нас и резултатите на овие контролни натпревари се важни“, изјави голманот на Вардар по натпреварот со Черноморец.



Датум: 27.01.2018, 15:09
Статијата е прочитана 667 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense