| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.12.2017

ПЕЛИСТЕР ОСТАНА БЕЗ ЕДИНАЕСЕТМИНА ИГРАЧИ

Бразилците, Бугарите и „скопјаните“ во пакет заминаа од Битола. Следуваат тешки денови за битолскиот состав, кој, според сите случувања, оди директно во Втората лига

Актуелниот бранител на титулата во националниот Куп на Македонија, тимот на Пелистер, во моментов се соочува со вистински егзодус на играчите. По завршувањето на есенскиот дел од сезоната, од Битола си замина сѐ што имаше каква било шанса за такво нешто и ќе си ја бара фудбалската среќа на друго место. Речиси цел еден тим повеќе не е дел од Пелистер, а како планираат битолчани понатаму да опстојуваат, што би рекол нашиот народ, само еден Господ знае.
БИтолчани го напуштија Бразилците Лукас, Силва, Жаделсон, бугарските интернационалци Мартин Ковачев и Димитар Илиев, голманот Марко Јовановски, потоа Оливер Пеев, Филип Петров, Матеј Цветановски, Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов.



Датум: 08.12.2017, 11:43
Статијата е прочитана 4414 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense