| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.10.2017

Беласица не знае за доста, Брегалница го преплави Тиквеш


*Лидерот сега има шест од шест, додека во дербито Брегалница со 3:2 го победи Тиквеш среде Кавадарци

 

Беласица со 3:1 дојде до шестата победа во шестиот меч од сезоната. Сега струмичани имаат максимални 18 бодови и натаму се неприкосновени на врвот на табелата. Во дербито на 6. коло во Втората лига - Исток, Брегалница со 3:2 успеа да го победи Тиквеш. Хоризонт Т дојде до првата победа сезоната, победувајќи го Осогово на негов терен. Кожув ја победи Саса со 3:1 и тоа во Каменица а вчера Плачковица го изненади Борец победувајќи го со 1:0.

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО - ВТОРА ЛИГА - ИСТОК
БЕЛАСИЦА - ПОБЕДА (В) 3:1
ТИКВЕШ - БРЕГАЛНИЦА 2:3
САСА - КОЖУФ 1:3
ОСОГОВО - ХОРИЗОНТ Т 1:3
ВЧЕРА
ПЛАЧКОВИЦА - БОРЕЦ 1:0

ТАБЕЛА
1. Беласица 18, 2. Брегалница 14, 3. Плачковица 12, 4. Кожуф 10, 5. Тиквеш 9, 6. Борец 9, 7. Осогово 7, 8. Хоризонт Т 3, 9. Победа (В) 2, 10. Саса 1 бодови



Датум: 01.10.2017, 19:23
Статијата е прочитана 4172 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense