| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

12.07.2017

Циндриќ е „ѕвездата“ за јуни

Вардаровиот ракометар е избран за ЕХФ играќ на месецот

Организаторот на играта на Вардар, Лука Циндриќ, е ЕХФ играч на месец јуни. Хрватскиот репрезентативец и „црвено-црните“ за првпат го кренаа трофејот во Лигата на шампионите во Келн, на почетокот од минатиот месец, а токму Циндриќ беше играчот кој го смести Вардар во финалето. Бекот го даде победничкиот гол во полуфиналето со Барселона, а тоа му го донесе и признанието за најдобар играч на месецот.
„Среќен сум што новинарите на ЕХФ ме прогласија за играч на месецот. Ова значи чекор напред за мене и, секако, поголема мотивација и самодоверба во иднина“, изјави Лука Циндриќ за ЕХФ и продолжи: „Гол како во полуфиналето и тој момент е нешто што се случува еднаш во животот, и затоа е нешто особено за мене и уживам во нашиот успех уште повеќе“, изјави Лука Циндриќ.
Меѓу номинираните се најдоа уште двајца вардарци, голманот Арпад Штербик, кој беше избран за МВП на Ф4 во Келн, и бекот Вуко Борозан.
Во женска конкуренција, втор месец во низа, средниот бек на Ѓер, Анита Горбиц, го понесе признанието.



Датум: 12.07.2017, 14:43
Статијата е прочитана 371 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
20.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense