| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.12.2017

Триумфален финиш на првакот во првенството

Голот на Ерменецот во вториот дел донесе триумф на Вардар над Работнички во последниот првенствен натпревар од оваа полусезона

Кога се чинеше дека Вардар ќе има проблеми и дека можно е да освои само бод со Работнички, се појави шанса која ја реализираше Тигран Барсегјан. Ерменецот го даде она што не го знаеше како да го направи Максимов. Русинот беше и во многу подобри шанси, но не реализираше а Барсегјан го поправи впечатокот. Вардар е сега на -8 од Шкендија пред паузата во која што „црвено-црните“ од Скопје ќе се надеваат дека може да дојдат до нова титула. Работнички, пак, не покажа ништо во нападот, затоа што на крајот имаше нула удари кон голот на Гачевски кој што остана без рабора.

НЕШТО ОД ВАРДАР, НИШТО ОД РАБОТНИЧКИ

Во првиот дел немаше многу шанси. Ако Вардар упати 2-3 удари кон голот на Божиновски (еден на Фелипе беше прецизен), тогаш Работнички не успеа ништо да направи. Играа висок пресинг играчите на „романтичарите“ уште на стартот, ама како поминуваше времето Вардар почна да ја гради играта, но недостасуваше завршница. Фелипе шутираше, Божиновски одбрани, и некој обид на Максимов и Барсегјан, ама мрежите мируваа.

ШАНСИ, ПА ВОДСТВО И ПОБЕДА

Во обидот да стигне до гол, на Вардарци му беа потребни 3-4 шанси. Најпрво ударите на Барсегјан и на Максимов беа одбранети, а во 74. минута Николов ја погоди стативата од голот. Сепак, во 78. минута откако Максимов го утна невозоможното, Барсегјан го најде патот до мрежата. Работнички, пак, никако не успеваше да направи прилика и при 0:0 не успеа, а ниту по 1:0 да се обиде да израмни. Така Вардар го доби овој меч, и му врати на соседот за поразот од првиот дуел.

ГООООЛ
1:0 78’ - Фелипе од левата страна додаде до Барсегјан кој што шутираше и погоди во долниот лев агол

ВАРДАР - РАБОТНИЧКИ 1:0 (0:0)
Национална Арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 300.
Судија: Димитар Мечкаровски. Помошници: Петрески и Неделкоски (сите од Скопје)
Стрелци: 1:0 Барсегјан 78’
Ж. Картони: Максимов, Марковиќ, Демири (В) - Дурански, Геофреј, Ефтимов, Митрев (Р).
ВАРДАР: Гачевски /, Муслиу 2.5, Велковски 3, Новак 3, Демири 2.5, Марковиќ 2 (67’ Глигоров 2.5), Стојчевски 2 (63’ Стојков 2.5), Фелипе 2.5, Николов 3, Барсегјан 3, Максимов 2 (83’ Тодороски /).
РАБОТНИЧКИ: Божиновски 2.5, Илиев 2, Садики 2 (82’ Кадриу /), Митрев 2, Билали 2 (55’ Ефтимов 2), Дурански 2, Тодоров 2, Велинов 1.5, Сергио 1.5, Маркоски 1.5, Геофреј 1.5 (85’ Е. Сахити /).

СТАТИСТИКА
ВАРДАР РАБОТНИЧКИ
4 корнери 4
11/5 удари/во 3/0
21 прекршоци 22
4 офсајди 2
3 ж. картони 4

ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ
ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ
„ Ова беше заслужена победа. Во првиот дел малку беше очигледен и заморот, затоа што прв пат после долго време немавме многу ротации во тимот, и затоа се виде дека овој меч не го почнавме така како што ги почнавме последните два меча со Розенборг и со Академија Пандев, и високата поставеност на Работнички исто така не ни дозволи да развиеме наша игра. Затоа не почнавме добро, иако мислам дека бевме тим кој што сакаше, покажуваше желба. Во второто полувреме целосно друга слика. Бевме доминатни, направивме 2-3 „зицер“ шанси, мораше порано да го отвориме натпреварот, но упорноста, карактерот, желбата на овој меч на фудбалерите покажа дека Вардар мора да верува и да се надева во другиот дел од првенството дека може да стигне до титулата“

ГОРАН СТАНКОВСКИ
„Заслужена победа на Вардар, можеби бевме блиску до бод, но се случи една деконцентрација во одбраната. Направија 2-3 шанси при крајот, и постигнаа гол, и можам само да му честитам на противникот“



Датум: 13.12.2017, 16:26
Статијата е прочитана 596 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense