Одличен потег на Украинецот

Снаодливиот Јармоленко тресе мрежи со петица (Видео)

Андриј Јармоленко постигна прекрасен гол со петица на стартот од мечот меѓу Аугсбург и Борусија Дортмунд, а снаодливоста го става на листата на кандидати за најубав гол во 2017 година. Изгледа сосема просто, но таквите голови се веројатно и најтешки. Украинецот е мајстор на фудбалската игра и тоа го докажа и со овој погодок со петица.