Единствениот тренинг за македонскиот првак во Норвешка

Фино им легна тревата на „Леркендал“ на вардарци (Видео)

Вардар го има единствениот тренинг на „Леркендал“ стадионот во Трондхајм, а интересно е што утре ќе играат со Розенборг, во пресметка на двете екипи што играат на арени на кои се одржаа последните две Суперкуп финалиња на Европа. Трондхајм беше домаќин во 2016, а Скопје во 2017 година 

Вечерва, вардарци ќе се обидат да се привикнат на теренот на кој Розенборг им е домаќин утре од 19 часот во меч од второто коло во Л групата од Европа Лигата.