Необичен подарок за најверните

Американски клуб фрлаше пари од хеликоптер

Американците на себе специфичен начин сакаа да го одбележат роденденот на фудбалскиот клуб од градот на коцката.

Американскиот фудбалски клуб "Лас Вегас Лајтс" имаше несекојдневен настан на својот фудбалски стадион. Имено, по повод 28-годишнината од основањето на клубот, сопствениците и спонзорите на клубот се решија да ги почестат своите најверни фанови со пари.
Имено, по завршувањето на еден од натпреварите во УСЛ лигата каде се натпреварува овој тим, над стадионот се појавил хеликоптер од кој почнале да летаат пари за насобраните навивачи.