ПРОБЛЕМИ ЗА СОСТАВОТ НА ПАРОНДО

Вардар без „бомбардерот“: Горбок ги повредил лигаментите!

Левиот бек на Вардар, Сергеј Горбок во следните неколку месеци ќе отсуствува од натпреварите поради повреда. Последната контрола на коленото покажа скинати лигаменти што ќе го одвојат бекот од настап за „црвено-црните".

објавено: 3 септември 2018 - 22:29

Горбок се повреди во саботата на тренинг, а неколку денови се чекаше прво да се намали отокот за да може да се извршат потребните лекарски контроли. Мегнетната резонанца покажа повреда на лигаментите.

Поради повреда со тимот се уште не тренира голманот Даниел Ѓорѓески, а скршеница на дланката има Стојанче Стоилов кој ќе паузира неколку седмици. На списокот на повредени извесен период беа и Игор Карачиќ и Вуко Бозоран.

Горбок по две годишна пауза се врати во Скопје и потпиша договор со Вардар. На позицијата лев бек игра заедно со Вуко Борозан.

Во вторник Вардар го игра мечот од второто коло во СЕХА Газпром лигата против Железничар. Натпреварот е закажан за 20,15 часот во СЦ „Јане Сандански".

Најново во Ракомет