ВАРДАР И МЕТАЛУРГ СЕПАК ЌЕ ИГРААТ ВО СТРУГА

Супер купот на Македонија како увертира за финалето на Струшкиот турнир

Вардар и Металург можеби нема да се натпреваруваат на Струшкиот турнир, но на 18 јули во Струга ќе се соочат во битката за првиот пехар во новата сезона

објавено: 5 јули 2018 - 12:10

Македонскиот првак Вардар и вицешампионот Металург можеби нема да бидат учесници на Струшкиот турнир, но ќе ги гледаме во Струга, на 18 јули, во 21 часот кога ќе се соочат во Супер купот на Македонија.

Ракометната федерација на Македонија одлучи Струга да биде домаќин на битката за првиот пехар во новата сезона, а терминот е ден пред големото финале на 46. издание на меѓународниот ракометен турнир Струга.
Струшкиот турнир ќе се одржи од 15 до 19 август на „Женската плажа", а на истиот ќе учествуваат домаќинот Струга, суперлигашот Еурофарм Работник, Констанца, Алингсас, Целје, Бешикташ, Тулуз и Железничар.

Најново во Ракомет