КАПИТЕНОТ НЕМАШЕ МОЖНОСТ ЗА РАДОСТ КАКО ЛАНИ

Стоилов: Сезонава имаме пет порази, сите со по еден гол разлика

„Мислам дека ова е голем успех за сите нас, за Вардар, за Македонија“, вели Циндриќ по поразот во дуелот за трето место

објавено: 27 мај 2018 - 17:15

Вардар не само што ја предаде европската круна освоена од лани, туку сезонава си заинува без медал од фајнл-фор турнирот во Келн. „Црвено-црните“ завршија како последни, на четвртото место, откако ПСЖ славеше со 29:28 во меч за третото место. 

„Мислам дека одигравме подобро од вчера. Детали одлучуваат, кога се греши те казнуваат. Сезонава имавме пет порази и сите беа со по еден гол разлика. Чест е да се биде тука. Сакавме да освоиме, но не успеавме. Тоа е тоа. Благодариме на навивачите кои секогаш нè бодрат“, рече веднаш по мечот, капитенот Стоилов.

Лука Циндриќ го одигра последниот голем меч во дресот на Вардар и си заминува со пораз. Сепак, Хрватот вели дека и ова е успех за оваа генерација на македонскиот првак. 

„Сигурно дека беше тешко од прва до последна минута. За жал не успеавме, но сепак мислам дека ова е голем успех за сите нас, за Вардар, за Македонија. Не е лесно да се играат два меча за два дена, но тоа не е алиби, бидејќи за сите е исто“, истакна Циндриќ.

 

„“

Најново во Ракомет