РАЗОЧАРАНИ КАПИТЕНОТ И ДИБИРОВ

СТОИЛОВ: Лани ние вака победивме, сега едноставно тоа ни се врати

„Ние не бевме на посакуваното ниво и затоа загубивме“, вели руското крило во Вардар

објавено: 26 мај 2018 - 19:58

Од Келн, Марија Ковачева и Весна Николовска

Капитенот на Вардар признава дека Монпелје едноставно заслужи да игра во финалето, но и среќата беше на страна на францускиот тим.

„Лани ние вака победивме, сега едноставно тоа ни се врати. Не одигравме како што посакуваме. Противникот играше агресивно, а имаше и малку среќа. Му честитам на Монпелје за победата, заслужија. Уште еднаш се покажа дека на фајнл-фор нема фаворити, па ете двете екипи кои важеа за аутсајдери сега се во финалето“, рече по мечот капитенот Стоилов. 

Крилото на Вардар, Тимур Дибиров вели дека противникот со ништо не ги изненадил, но едноставно „црвено-црните“ не одиграле на посакуваното ниво.

„Монпелје не одигра ништо посебно. Едноставно очекувавме да игра така како што одигра. Ние не бевме на посакуваното ниво и затоа загубивме. Сите очекуваа дуел Вардар - ПСЖ, па ете ќе го има но за трето место“, вели Дибиров. 

Најново во Ракомет