Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева
Не успеавме да обезбедиме место во меѓу 12-те најдобри репрезентации на Светското првенство, Исланд ни застана на патот, не совлада со 24-22 и не прати во Президен Купот, а таму ќе не чека селекцијата на Русија.
„Честитки до тимот на Исланд за добрата игра. Беше тешко за нас, игравме 100%, во првото полувреме бевме одлични, но во вториот дел се изморивме во дуелите со нивната цврста одбрана. Да бидеме искрени, тие беа подобри од нас денеска. Се обидовме да ја минеме групата, но не успеавме. Пробавме со седум на шест, потоа и со шест на шест, имавме шанса до самиот крај благодарение на одбраната и на одличниот Борко, но и тоа не беше доволнo“, рече Раул Гонзалез.