ПРОМЕНА НА ПЛАНОТ

Ракометарите нема да тренираат во „Ланксес Арена“

Македонската ракометна репрезентација веќе е во Келн, во следните два дена ја чека битка за пласман од 13. до 16 место на Светското првенство. 

објавено: 18 јануари 2019 - 16:31

Спортмедиа во Келн, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација пред неколку часа пристигна во Келн, каде во следните два дена ќе ги одигра мечевите од Президент Купот. 

Раул Гонзалез и неговите избраници нема да тренираат во „Ланкес Арената“, во последен момент дојде до промена на планот, единствената подготовка пред утрешниот дуел со Русија (13 часот) ќе ја направат во локална сала во Келн. 

По вчерашниот пораз од Исланд во послендиот меч од групната фаза, „црвено-жолтите“ за првпат во својата историја не се пласираа во главната рунда, останува да се борат за 13. место на Мундијалот. Доколку ја совладаа Русија ќе го чекаат подобриот од мечот меѓу Чиле и Катар, во спротивно ќе играат за 15 место. 

Покрај Президент Купот, во „Ланксес Арената“ ќе има дуели за мерак. Првиот ден од главната фаза во овој град ја отвараат Франција и Шпанија (18 часот), додека вечерниот термин е резервиран за домаќинот на СП, Германија и Исланд. 

 

Најново во Ракомет