СИЛНА ПОРАКА ОД РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ ПИКЕР

ПЕШЕВСКИ: Мораме подобро и ветуваме уште поголема борба, за нас, за вас, за Македонија!

Кружниот напаѓач на Македонија испрати порака до фановите по завршувањето на настапот на СП.

објавено: 20 јануари 2019 - 16:26

Македонската ракометна репрезентација на Македонија на 15. место го заврши настапот на Светското првенство во Германија и Данска.

Разочарувањето е големо, целевме на олимписки квалификации, а завршивме во „Президент купот“, но она што е најважно е дека и по силниот удар, ракометарите остануваат позитивни и гледаат кон светла иднина.

Кружниот напаѓач Жрко Пешевски е еден од нив, кој со силна порака се заблагодари на фановите за поддршката.

„Ви благодарам за неизмерната поддршка во изминатите 30 дена. Ви благодарам на сите што бевте со нас во победа и пораз. Мораме подобро и ветуваме уште поголема борба, за нас, за вас, за Македонија“, напиша репрезентативниот пикер на својот Фејсбук профил.

 

 

 

Најново во Ракомет