БРАНИТЕЛОТ ДО НОВА ПОБЕДА

На Шпанија не и помогна Штербик, Франција е светска класа

Франција со победа ја отвори главната рунда на Светското првенство, ја совлада Шпанија со 33-30. 

објавено: 19 јануари 2019 - 19:28

Спортмедиа во Келн, Марија Ковачева

Вистинскиот ракометен спектакл во преполната „Ланксес Арена“ го отворија бранителот на титулата на Светското првенство и европскиот првак.   

Французите доминираа во првото полувреме, „фуријата“ не успеа да поведе, ниту пак да изедначи и покрај расположениот Соле, кој во овој дел имаше девет гола од исто толку обиди. Франција носена од својот чуват, Жерар го наметна својот ритам. Поведе со 3-1 благодарение на двата седмерци, а потоа со голот на Карабатиќ дојде на 5-2. Шпанија намали на 8-7, но „петлите“ брзо се одлепија. Жорди Рибера мораше да смени нешто го стави во игра Алекс Душебаев, а на голот Арпад Штербик, кој денеска дојде во Келн. Искусниот чувар на мрежата пред крајот имаше две важни интервенции, па Шпанија на полувремето замина со (17-15).

Кога е Штербик на теренот „фуријата“ добива сигурност, со две одбрани го крена тимот, Соле и Гвардиола реализираа за прво изедначување на мечот 18-18 во 34. минута. Франција ја искористи предноста од играч повеќе, набрзина постигна четири гола, од кои два во празна мрежа (22-18). 

Светскиот првак сепак покажа дека е класа, на средината на второто полувреме поведе со 26-20. Шпанија не доби нова шанса за изедначување, а трпението пошушти кај Рибера по еден недосуден фаул за неговиот тим, па судиите досудија две минути. И со исклучен играч „фуријата“ се добилижи на 31-28, а по новата интервенција на Штербик намали на 32-20 и пропушти шанса да дојде на само еден гол негатива.   

Мем и Фабрегас со шест погодоци беа најефикасни, на другата страна Соле имаше 11 погодоци. 

На последната средба од денешната програма во Келн, домаќинот Германија ќе игра против Исланд. 

Најново во Ракомет