СЕФТЕТО ВО ПРЕЗИДЕНТ КУПОТ ПРОТИВ СИЛЕН ПРОТИВНИК

Дибиров и Русија ја чекаат Македонија во Келн

Првиот противник на македонската репрезентација во Президен Куп ќе биде селекцијата на Русија. 

објавено: 17 јануари 2019 - 20:26

Спортмедиа во Минхен, Марија Ковачева

Како што рече Стојанче Стоилов обврска е да го доиграме ова Светско првенство колку и да не сакаме, и да сме разочарани. Русија ќе биде прв противник на македонската репрезентација во Президен Купот, односно во битката за 13. до 16. место на Мундијалот.

Македонија се сели во Келн, првиот дуел го игра во сабота со почеток во 13 часот, во втората двојка ќе се сретнат Катар и Чиле. 

Нашата репрезентација вклучувајќи го и ова има шест настапи на Светските првенства и за првпат не обезбеди пласман во главната рунда. Исланд во главната битка не совлада со 24-22.

Најново во Ракомет