Скандинавското дерби за домаќините

Данците ги „преслушаа“ соседите од Норвешка

Неочекувано лесна и убедлива победа на Данска во решавачкиот меч за првото место во групата „Ц“.

објавено: 17 јануари 2019 - 21:50

Одлучни да го освојат првото место во групата „Ц“, ракометарите на Данска го прегазија својот вечен ривал Норвешка во последното 5. коло одиграно вечерва. Пред своја публика, на крилата на многубројните гледачи во Копенхаген, Данците обезбедија неочекувано висока победа против Норвежаните.

Уште во првото полувреме беше јасно дека Норвешка не може да оддолее на атмосферата на трибините. Разлетаните Данци го полнеа противничкиот гол и на пауза заминаа со предност од 17:14, иако на моменти имаа предност и од 5 гола..

Во вториот дел, Данска го засили темпото. Уште на стартот двапати влезе во серии од по 3:0, со што ги остави Норвежаните во длабок минус. На крајот победата беше извесна и пристигна со резултат 30-26.

Најново во Ракомет